Раул станува селектор на Србија во јули

Информацијата за постигнатиот договор на Раул Гонзалез од ПСЖ за преземање на клупата на машката репрезентација на Србија ги претрка и ги затече двете договорни страни, па се најдоа во „небрано“ дали да ја официјализираат веста или „мудро“ да молчат додека не помине првиот бран на реакции, особено откако Србија беше поразена во квалификациите од Италија.

Но, случајната средба на Раул со српската делегација на белградскиот аеродром не остави многу простор да се молчи, притисокот врз новото српско раководство отиде во црвено, па генералниот секретар Иван Миливојевиќ немаше каде да бега кога од ТВ Арена му беше поставено прашањето на кое сите го знаеја одговорот.

„Договорот со Раул е потпишан на три години и е со важност од први јули, откако ќе му завршат сите обврски кон ПСЖ. Времето дотогаш ќе го искористима за да ја решиме ситуацијата со актуелниот селектор Борис Ројевиќ и да најдеме преодно решение за квалификациите за Европското првенство. Целта поставена пред Раул е пласман на Олимписките игри“, изјави Миливојевиќ.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk