Топ вести: Изоставени и навредени ѕвезди, штедење во Норвешка...

Селекторот на данската репрезентација, Јеспер Јенсен, за претстојното Европско првенство не ги повика познатите ракометарки Сандра Тофт, Луис Бургард, Мете Транборг и Катрине Хејндал.
„Следната линија е спремна за акција, а повиканите ракометарки претставуваат ветувачка иднина за репрезентацијата на Данска“, изјави селекторот.

За разлика од Данска, каде што изоставувањето на неколку врвни играчи е прифатено како дел од процесот, во Хрватска изоставувањето на Ќамила Мичијевиќ, Теа Пијевиќ и Валентина Блажевиќ е проследено со соопштение во јавност преку кое ракометарките велат дека се многу навредени затоа што не биле претходно информирани, дека Обрван им ја затворил вратата од репрезентацијата, потоа има соопштенија од загрижени ракометни фанови итн.

За да ги намали трошоците и да не го пречекорува буџетот, женската репрезентација на Норвешка пред ЕП ќе се подготвува со само 17 ракометарки. Во последниот состав на Торир Хергеирсон како селектор во тимот ги нема Нора Морк, Стине Офтедал, Вероника Кристијансен, Кристине Бристол...

Австрискиот град Грац одново е избран да биде домаќин на Фајналфор турнирот во ЕХФ Европската лига во женска конкуренција. Ова ќе биде трета година по ред Грац да го организира овој турнир. Најдобрите четири екипи во ЕХФ Европската лига каде што неуспешен настап имаше и македонскиот првак ЖРК Ѓорче Петров ќе се одржи на 3 и 4 мај 2025.
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk