Ќе игра најмалку до 40 години

Поранешната ракометарка на ЖРК Вардар, норвешкото крило Камила Херем потпиша нов двегодишен договор со екипата на Сола од норвешкиот шампионат.
Камила Херем има 38 години и кога ќе го заврши новиот договор ќе има заокружени 40.
Херем му помогна на својот клуб да се пласира со Европската лига со 18 гола постигнати на два натпревара. Тренер на Сола, пак, е нејзиниот сопруг, поранешен ракометар Штефан Стегавик.
Иако има 38 години, Херем не ја завршува ниту репрезентативната кариера каде што има одиграни околу 320 натпревари и се ближи до 1000 постигнати голови. Таа ќе биде дел од ЕХФ Еуро што во за 15 дена почнува во Швајцарија, Австрија и Унгарија.

Photo: ZRK Vardar/Archive

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk