Лутите Романци им спремаат казни на Кудуз и Ласло

Романската федерација планира да воведе казни за ракометар(к)ите што ќе го одобијат повикот за настап за репрезентацијата од неосновани причини.
Гневот на федерацијата го предизвикаа три играчи. Тоа се Кристина Ласло, Елиза Бучески и поранешниот вардаров ракометар Анте Кудуз кој згора на сѐ е и натурализиран ракометар.

Иницијалната каписла, сепак, беше Кристина Ласло која е во отворена кавга со тренерот/селектор Флорентин Пера и откако беше отстранета од клубот Глорија Бистрица, испратила писмо во федерацијата со кое ги известува дека веќе нема да игра за репрезентацијата.

Предвидената казна за непојавување на повикот е шест натпревари.
Но, дали ваквиот тип на казнување се коси со актите на ЕХФ? Доколку играчот ја информира федерацијата пред да биде соопштен списокот на играчи планиран за репрезентативна акција, Романија веројатно би го загубила спорот во Виена. Ако играчот реагира отпосле, откако веќе биде сместен на списокот, тогаш приказната е поинаква.

foto: RK Vardar/Archive

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk