Кошта и Симон се најдобрите млади играчи

Се ближи крајот на годината, луѓето влегуваат во празнично расположение и почнува периодот кога се бираат и прогласуваат најдобрите за изминатиот труд.
Мартим Кошта, португалскиот ас и Петра Симон бекот на женската репрезентација на Унгарија се првите што добиваат ласкаво признание од ЕХФ. Тие се прогласени за најдобрите млади ракометари за прикажаното низ сезоната 2023/2024.
Мартим Кошта (21) игра за Спортинг и на ЕХФ Еуро 2024 во Германија го делеше првото место на листата на стрелци со Матијас Гидсел со 54 постигнати голови и само 12 промашени шутеви на седум натпревари на шампионатот.
Петра Симон (20) ја водеше Унгарија до златен медал на У19 ЕХФ Еуро во 2023, а потоа на мундијалот У20 Македонија 2024, не настапи затоа што веќе имаше статус на сениорски репрезентативец, па според принципите по кои работи унгарската федрација, го отстапи своето место на друг играч.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk