Скопје и Гевгелија, исклучени од РФМ!

Ракометната федерација ги изрече казните за женските екипи на Скопје и на Гевгелија, актери на натпреварот од Куп на Македонија, меч што имаше скандалозна завршница во која двата тима во настојување да го загубат натпреварот постигнуваа автоголови и намерно го промашуваа голот.
Клубовите ЖРК Скопје и ЖРК Гевгелија се исклучени од Ракометната федерација на Македонија.
На овластените односно службените лица/тренери на екипите на Скопје и Гевгелија, Валентина Радуловиќ (овластено лице претседател на ЖРК Скопје, лиценцирана како службено лице/тренер), Веселинка Треноска (сл. лице/тренер) и Јулија Беќарова (овластено лице претседател на ЖРК Гевгелија, лиценцирана како службено лице/тренер), им е изречена забрана за вршење дејност во ракометниот спорт во времетраење од две години.

Делегатот Митко Ѓоргиевски поради пропуст во записникот при наведување на присутност на службените лица е суспендиран во времетрање од шест месеци.
Информацијата утре би требало да биде официјална, со објава во редовниот билтен на РФМ

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk