Обрван прецрта познато име

Ивица Обрван, поранешниот селектор машкиот сениорски тим на Македонија, сега е во улога на селектор на женската репрезентација на Хрватска.
Обрван ќе ја води хрватската репрезентација на претстојното Европско првенство, а скратениот список предизвика мешани реакции во Хрватска.
Ивица Обрван за претстојното ЕП ги прецрта Ќамила Мичијевиќ, Теа Пијевиќ и Валентина Блажевиќ, досега стандардни лев и средеб бек и голман, а поради повреда ja нема Ана Дебелиќ.
Обрван изјави дека ова е неговиот личен избор и дека никому вратата од репрезентацијата не му е затворена алудирајќи на неповиканите играчи.

Македонија ќе се тестира со Хрватска и Србија на „Кроација Куп“ што ќе се игра во Пореч од 22 до 24 ноември, а ЕП почнува на 28 ноември.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk