Уште еден познат Французин нема да го види мундијалот

Репрезентацијата на Франција е најголемата мундијалска ракометна болница во моментов, со три врвни играчи кои потврдено нема да играат на Светското првенство во Хрватска, Данска и Норвешка.
Кентан Мае, централниот бек на Гумерзбах е третото име на списокот на Гијом Жил кое со месеци нема да го видиме на терен.
Кентан Мае заработи повреда на тетивата на десната, шутерската рака. Веднаш беше опериран и предвидената пауза е најмалку три месеца, односно очекувано е да се врати на терен во февруари.
За време на Неделата на ЕХФ, во која Франција играше ЕХФ Еуро Куп со Шведска, Ахилова тетива повреди централниот бек Килијан Вилмино и нема да се рехабилитира навреме за СП. На истиот меч се повреди уште еден играч. Официјалната веб страна на ПСЖ извести дека и Елоим Пранди нема да биде на терен – со месеци.
Претходно со националниот тим на Франција се збогува бекот на Барса, Тимоти Н’Гесан.

Ако сѐ оди како што треба, Македонија и Франција ќе се сретнат во Главната рунда, на натпревар во Вараждин.

Photo: Telekom Veszprem 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk