Азиски шампионат со македонска арбитража

Денеска почнува 27 издание на Азиската Лига што по осум години, повторно ќе се игра во Доха, Катар. Победникот од ова натпреварување ќе обезбеди учество на следното Светско клупско првенство 2025, порано познато како Супер Глоуб. 
Учествуваат екипи од Катар, Оман, Бахреин, Кувајт, Иран, С. Арабија и ОАЕ. Бранител на пехарот е Калеј од Саудиска Арабија.
На овој турнир ќе суди македонската судиска двојка, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, а Македонец има и во една од екипите. Во тимот на катарскиот Духаил, во чија сала ќе се игра турнирот, тренер на голманите е поранешниот македонски репрезентативец Петар Мисовски. 



Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk