Крај на ерата на Аџиќ во Крим

Црногорскиот тренер Драган Аџиќ е еден од најзаслужните за тоа што женскиот ракомет во Словенија заедно со тој во Црна Гира, успеа да ја преброди кризата што ги зафати сите ју држави и да стигне до Олимписките игри.
Аџиќ од сезоната 2022/23 паралелно го води и Крим Меркатор, словенечкиот шампион, но овде се разијдоа амбициите, очекувањата и можностите.

Иако на табелата по седум одиграни кола е на третото место со четири победи и три порази, по вчерашниот пораз од Мец на домашен терен од девет гола разлика (25-34), Драган Аџиќ поднесе оставка.
Оставката е прифатена и Крим Љубљана ќе бара нов тренер, а во меѓувреме асистентот на Аџиќ Жига Новак ќе биде задолжен за екипата.
Драган Аџиќ останува селектор на Словенија, улога што ја извршува од 2021 година.

Photo: RK Krim

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk