Беласен формално „раскина“ со Кил

Самир Беласен, голманот кој од Франција дојде во Кил како (привремена) замена за Никлас Ландин, дефинитивно заминува од клубот и ќе стане полноправен член на екипата на Штутгарт. 
Од Кил заминува и Томас Мрква, чешкиот голман кој дојде на помош кај Филип Јиха и формираше дуо со Беласен по заминувањето на Ландин.
Кил сезонава го доведе Андреас Волф од Келце, што резултираше со привремен трансфер на Французинот во Штутгарт. Во јуни ќе пристигне и Гонзало Перез де Варгас од Барса,  тоа пак, резултираше со формален прекин на соработката на Беласен со Кил и потпишан нов договор со Штутгарт.
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk