Цветан Кузманоски останува верен на првакот

Левото крило на македонската репрезентација и на екипата на Пелистер, Цветан Кузманоски го продолжи договорот со битолскиот клуб и останува верен на зелено белиот дрес до истекот на сезоната 2026/2027.

Цветан Кузманоски во Битола дојде во 2020 од екипата на Струга каде што беше најдобриот стрелец. Првата сезона настапуваше за Е. Пелистер 2, а потоа во 2021 кога тренер на битолскиот клуб беше Жељко Бабиќ беше прекомандуван во првата екипа со 3.5 годишен договор.
За сениорската репрезентација на Македонија дебитираше на Светското првенство во Египет во 2021 година. 
Битолчани во моментов на позицијата лево крило ги имаат уште и Петар Атанасијевиќ и Дејан Манасков.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk