Србите се сретнаа со Раул на аеродром!

Репрезентацијата на Србија вчера имаше лош ден на гостувањето во Италија каде што беше поразена 30-31 од домашниот состав, на натпревар на кој во второто полувреме водеше со четири гола разлика, а имаше и напад за плус пет.
По неискористениот напад, следеше голем пад во нивната игра, а Италијанците кои се во брз подем, го искористија тоа и запишаа важни бодови. 

Предиграта на овој натпревар се одвиваше на белградскиот аеродром „Никола Тесла“. Таму српската репрезентација беше „заробена“ 20-тина часа, чекајќи го својот лет за Италија. 
Момент што го одбележа тоа патување освен долгото чекање е средбата со Раул Гонзалез, поранешниот тренер на Вардар и селектор на Македонија. 
Раул сега е најсериозниот кандидат за селектор на Србија, а неговиот претстој во Белград го сметаат за веќе завршена работа кога станува збор за преземање на репрезентацијата. Како се почувствувал Борис Ројевиќ, актуелниот селектор на Србија и репрезентативците кога го „лоцирале“ шпанскиот тренер, само тие си знаат. Резултатот од Италија, пак, можеби ќе биде катализатор за смената на кормилото. Тоа ќе зависи во најголема мерка од ПСЖ кој веќе еднаш го одбил барањето на Раул да биде со двојна функција и во Србија и во ПСЖ. 

photo: PSG Handball
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk