Македонија со пораз се враќа од Вилнус

photo: rankinis. lt

ЛИТВАНИЈА – МАКЕДОНИЈА 29-27 (13-12)

Лош ден имаше македонскиот тим на гостувањето во Литванија и со пораз се враќа назад. Пропушти шанса да обезбеди речиси сигурен пласман на ЕП, па иако самиот пласман не е сериозно доведен во прашање, горчината на поразот ќе се чувствува уште долго.
Натпреварот немаше изразит ритам, иако и двата тима на моменти ја забрзауваа играта и се обидуваа да погодат од транзиција. Литванија го контролираше резултатот во првото полувреме имаа водство од два до три, во еден момент и четири гола предност (9-5), но Македонија наоѓаше начин да се врати назад во игра.

По 9-5, следеше серија од 3-0 и напад за нерешено за нашиот тим, но беше досудена грешка во напад. Македонија во првиот дел плаќаше и за своите и за на моменти чудни одлуки на судиите. Пет пати ни беше досудено пробивање или фаул во напад, два-три удари за седмерец беа превидени домашниот голман имаше седум одбрани и севкупно резултатот не истрпи премногу на сметка на сѐ што се одвиваше на теренот.

Литванија поведе 12-9 и 13-10, но почнаа да губат здив нивните ракометари во финишот, Кизиќ стигна со пет одбрани, а Македонија до 12-13 и пропуштен контра напад за реми. На полувреме беше 13-12, а првиот напад го имаа домашните.
Mакедонија почна подобро во вториот дел и успеа да ја преземе резултатската контрола, притоа и да пропушти два напади за плус два. Потоа почна игра гол за гол во која Македонија поведуваше, а Литванците израмнуваа. Беше тоа игра на нерви, во која имаше моменти за пофалба, имаше ситуации што ги тенчеа нервите, особено пропуштените зицери или загубените дуели со голманот Вилиус Рашимас.

На овој меч македонскиот тим не покажа карактер. Поголемиот жар и желба за победа беа на страната на литванскиот состав и лошиот натпревар на нашиот тим на крајот беше казнет со победа од 29-27 за Литванија.




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk