Долго време се зборуваше, „шушкаше“, па потоа одеднаш замреа шпекулациите откако Ракометниот Сојуз на Србија (РСС) по смената на врвот, потврди дека нема да менува селектор и дека Борис Ројевиќ останува на кормилото.
Но, каде што имаше жар, сега одново пламна оган. Денеска одново со молњевите брзина се шири информацијата дека Србија сепак, наскоро ќе има нов селектор.
Раул Гонзалез, тренерот кој во Македонија се стекна со светска слава откако стана сензационален победник на Лигата на шампионите во 2017 година би требало да биде новиот предводник на машката репрезентација на Србија.
Иако информацијата ја слушнавме од неколку страни, засега не можеме да ја верификувме со сигурност, па останува да биде неофицијална.
Ако се реализира шпекулацијата, за Раул Гонзалез ова би требало да биде второ селекторско искуство откако претходно, пред да потпише за Пари Сен Жермен, беше селектор на репрезентацијата на Македонија.
foto: RK Vardar/archive