ЕП 2026: Италија ја предизвикува Србија

Денеска ќе биде комплетиран првиот циклус од Квалификациите за ЕП 2026. Две кола се играат во оваа фаза, а голем број од репрезентациите овие дуели ги користат и за подготовка на составите со кои ќе настапат на Светското првенство во Хрватска, Данска и Норвешка што ќе се игра во јануари.
Делумно поради тоа и резултатите не се комплетно во рамки на очекувањата или рејтингот на екипите, иако засега, освен нерешениот резултат меѓу Полска и Израел, нема друго изненадување. Но, имаше неколку дуели што беа решени со минимална разлика.

Освен гостувањето на Македонија во Вилнус, меч што денеска ќе биде во центар на внимание е дуелот меѓу Италија и Србија. Италијанците станаа незгоден тим, колку ќе го оправдаат тој нов имиџ против српскиот состав, ќе биде интересно да се види.
Средбата меѓу Романија и Полска исто така заслужува да биде запишана со црвени букви, Швајцарија – Австрија, исто така.

ДЕНЕСКА ИГРААТ
2. КОЛО
ГРУПА „1“: Литванија - Македонија, Естонија - Словенија
ГРУПА „2“: Финска - Унгарија, Словачка - Црна Гора
ГРУПА „3“: Грузија - Исланд, БиХ - Грција
ГРУПА „4“: Италија - Србија, Летонија - Шпанија
ГРУПА „5“: Луксембург - Хрватска (25-35), Белгија - Чешка
ГРУПА „6“: Косово - Холандија, Украина - Ф. Острови
ГРУПА „7“: Турција - Германија, Швајцарија - Австрија
ГРУПА „8“:  Романија - Полска, Португалија - Израел 



КОМПЛТЕНИ РЕЗУЛТАТИ
1. КОЛО
ГРУПА „1“: Македонија - Естонија (37-33) Словенија - Литванија (36-25)
ГРУПА „2“: Ц. Гора - Финска (29-28), Унгарија - Словачка (37-32)
ГРУПА „3“: Грција - Грузија (27-26), Исланд - БиХ (32-26)
ГРУПА „4“: Шпанија - Италија (31-30), Србија - Летонија (38-25)
ГРУПА „5“: Чешка - Луксембург (23-17), Хрватска - Белгија (30-23)
ГРУПА „6“: Холандија - Украина (40-39), Ф. Острови - Косово (32-21)
ГРУПА „7“: Германија - Швајцарија (35-26), Австрија - Турција (31-28)
ГРУПА „8“: Португалија - Романија (37-30), Полска - Израел (32-32)

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk