Лазаров: Верувам дека тимот ќе биде на ниво

Машката сениорска репрезентација на Македонија денеска (17ч) ќе го одигра вториот натпревар од квалификациите за пласман на ЕП 2026, прв на гостински терен во овој циклус.
Противник ни е екипата на Литванија, репрезентација со која имаме одиграно три натпревари, на кои двапати победила Литванија, а еден меч заврши нерешено.
Поразите се дамнешни, пред безмалку 30 години, а нерешениот резултат е од квалификациска група одигран во Турција во 2010.

Силите веруваме се променети во однос на тоа време, а од Македонија денеска очекуваме победа и практично верификација на пласманот на ЕП.
„Очекувам тежок натпревар. Како национален тим никогаш немаме победено со оваа селекција. За да победиш на гостински терен навистина треба да одиграш квалитетен натпревар. Верувам во тимот дека ќе биде на ниво. Мораме да бидеме константни во сите 60 минути доколку сакаме позитивен резултат. Во секој момент треба да имаме контрола на натпреварот и да знаеме и да препознаваме ситуации кои би не однеле до позитивен резултат“, изјави селекторот Лазаров.

Една замена направи селекторот Кирил Лазаров во пресрет на овој натпревар, а во однос на средбата со Естонија што се играше во средата во Скопје. Иван Галевски ќе добие шанса на голот заедно со Марко Кизиќ, а од конкуренција за овој меч отпадна Мартин Томовски.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk