Срам за ракометот

Во македонскиот Куп во женска конкуренција се играше натпревар што ќе остане запаметен по засрамувачката демонстрација на спортска некултура.
Актери на теренот беа екипите на Скопје и Гевгелија кои во последните минути од средбата нити напаѓаа, ниту се бранеа, намерно го промашуваа противничкиот гол, а врвот беше достигнат со постигнат намерен автогол. 

Со тоа актерите на овој „натпревар“ неповратно се посрамотија себе си, дресот и логото на клубот што го претставуваат и покажаа елементарно непочитување кон спортот со кој што се решиле да се занимаваат. 

Сега сме во очекување на соодветен одговор од надлежните инстанци за ваквото однесување. Една санкција, е веќе е најавена, а тоа е одземање на лиценците на двата клуба. Проблемот е покомплексен и отвора многу прашања кои очекуваат вистински одговор. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk