Топ вести: Згасна руски тим, романски „ѕвезди“ на продажба...

Руската екипа Вороњеж, пласирана на деветтото место од 12 екипи, објави дека престанува со натпреварување. Финансиски се причините за гаснењето на оваа екипа.

Хрватскиот бек Јосип Шарац заминува од екипата на Гепинген и кариерата ќе ја продолжи во Унгарија, во тимот на Татабања.

Бундеслигашот Ајзенах добива нова сала со капацитет од 4.000 гледачи вредна околу 54 милиони евра.

Емил Мадсен, десниот бек на Кил сезонава го има најсилниот шут во Бундеслигата. Брзината на топката што тој ја има исфрелно на мечот со Ерланген, била 135.78 км/ч. Ланскиот рекорд е на десниот бек на Флензбург, Франц Земпер кој шутнал со брзина 135.75 км/ч.

Поразот од 13 гола разлика од Рапид Букурешт значеше крај на соработката на романската екипа Влчеа со норвешкиот тренер Бент Дал.

Нетрпението меѓу ракометарките на романската екипа Глорија Бистрица, Кристина Ласло и Ивана Капитановиќ од една страна и тренерот Флорентин Пера од другата, резултираше со отстранување на играчите од тимот. Двате заедно имаат над 10.000 евра месечна плата и клаузула да можат да бидат трејдувани во други екипи. Засега, без успех.




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk