Рожерио Мораеш има нов клуб

Бразилскиот пивот Рожерио Мораеш потпиша договор со францускиот тим Монпеље и летово ќе го напушти Мелзунген и тренерската команда на Роберто Гарсија Парондо и ќе се тестира во главниот француски ракометен центар.
Рожерио Мораеш во Вардар дојде од екипата на Кил и освои две шампионски титули во 2017 и 2019, потоа замина во Бенфика и со неа ја освои ЕХФ Европската лига, пред да се пресели во Мелзунген.

Монпеље, на лето останува без пикерите Карл Конан кој оди во ПСЖ и без Верон Начиновиќ кој потпиша за Кил. Рожерио Мораеш е играч што се снаоѓа во два правца и ќе биде добра аквизиција за Французите. Неговиот нов договор е до 2028 година.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk