Абутовиќ се збогува со српскиот дрес

Photo: RSS

Илија Абутовиќ (36) ја заврши репрезентативната кариера во која со години го носеше дресот на Србија. Пред натпреварот од квалификациите за ЕП 2026 на кој Србија се сретна со Летонија, Абутовиќ со овации од трибините беше испратен во репрезентативната пензија.
Овој 36 годишен лев бек со специјалност за игра во одбрана најголемиот дел од кариерата го помина во Македонија.
Седум години го носеше дресот на Вардар со кој во 2017 стана европски првак, потоа замина за РНЛ, Шарт, а сега одново е во Македонија и ја гради одбраната на Пелистер.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk