Кирил Лазаров ја водеше Македонија кон нова победа и е на вистински пат уште еднаш да го однесе тимот на големо натпреварување. Смената на генерации е пред крај, се промени стилот на игра, не сме дел од екипите што играат „праисториски“ ракомет, но воигрување ќе биде потребно уште долго време, а во процеост ќе има турбулентни натпревари, ќе има горе и долу, подеми и падови.
Дуелот со Естонија беше тежок, но дојде во добар момент и може, а и треба да ја промени „склопката“ кај играчите пред дуелот со Литванија која важи за посилен и поамбициозен тим од Естонија.
По натпреварот, селекторот Кирил Лазаров коментираше:
„Сите сакаме победи, но тоа треба да се среди на терен, особено со менталитет како нашиот. Повикав на внимателност, но не очекував дека ќе биде толку тешко. Естонија покажа дека игра модерен ракомет, а ние можеме и мораме да играме подобро.
Покажавме еден нов стил на игра и ова ќе биде една добра опомена пред дуелот со Литванија. Ќе мора подобро да се подготвиме, иако и сега направивме добри анализи. Тежината на националниот дрес е голема, а ние мора да научиме да се носиме со тоа.
Задоволен сум од победата и начинот на кој победивме. Естонија е шутерска екипа и тоа се потврди. Пресудно беше што подигнавме ниво на игра кон нивниот најдобар ракометар. Изнудивме некои шутеви со полуконтра и дојдовме до посакуваното. Мислам дека Литванија е поквалитетен ривал, барем за 30-40%, па затоа ќе ни треба добра подготовка за да одиме на победа“, вели Лазаров.
Поврзани вести