Серафимов: Целта е да победиме и во Литванија

Photo credit: Filip Viranovski

Мартин Серафимов сезонава игра во одлична форма, позрело, порешително и на дуелот со Естонија во еден период играше симултанка против противничката одбрана постигнувајќи притоа 10 гола со што беше и најдобриот стрелец во нашиот состав.

„Не беше воопшто лесно, но тоа и го очекувавме. Сите екипи денеска знаат да играат ракомет, добро тренираат и напредуваат. Ние веќе во недела ќе играме со Литавнија и сега мора да се фокусираме на тој меч, од каде се надевам дека ќе се вратиме со уште една победа.
Треба уште да работиме и да поправиме неколку сегменти од играта, можеме да бидеме подобри и во одбраната. Ни треба уште малку време да се воиграме, имавме и промена на генерации, но мислам дека сите нешта ќе бидат во најдобар ред пред почетокот на Мундијалот и остатокот од квалификациите за Европското првенство“, изјави Серафимов.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk