ГРК Тиквеш го промовираше засилувањето Андоновски

Екипата на ГРК Тиквеш сезонава не тргна како што се очекуваше и сега се засилува во тек на шампионатот. По неупсешниот старт во ЕХФ Европскиот Куп и слабиот скор во домашното првенство, кавадарчани во својот тим го донесоа Даниел Андоновски, „дете“ на Охрид и син на познатиот поранешен репрезентативец на Македонија, подоцна тренер на Охрид, а сега на Раховец од Косово – Горан Андоновски.

Даниел Андоновски по заминувањето од Охрид играше една сезона во Италија, потоа во Србија, а сега стекнатото меѓународно искуство ќе треба да го материјализира во екипата на ГРК Тиквеш.

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk