Ремонт во Кил, заминува шведски репрезентативец

Foto: THW Kiel

Екипата на Кил среде сезона прави мини ремонт во тимот. Веќе се знае дека Томас Мрква си заминува, деновиве можеби ќе има голема одлука околу тоа дали Пекелер или Винцек ќе заминат, а во меѓувреме има и конкретно заминување со важност – веднаш.

Карл Валинуис шведскиот интернационалец потпиша договор со данскиот клуб Рибе Есбјерг и веднаш ќе им се приклучи на своите нови соиграчи.

Валиниус потпиша договор со Рибе Есбјерг до 2027 година, но има интересена клаузула според која двата клуба се согласија, ако Кил сака да го врати назад тоа да биде овозможено во споменатиот временски период од три години.




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk