Photo credit: Filip Viranovski
Македонската репрезентација го скрши мразот во Квалификациите за ЕП 2026 со победа над Естонија во првото коло. Во недела нѐ чека и првото гостување, во Литванија, но импресиите засега се резервирани за мечот со Естонците.
Посетата во салата „Борис Трајковски“ беше над очекувањата, што е убав предзнак за тоа што доаѓа наскоро, „традиционалниот“ јануарски настап на нашиот најдобар тим на големата, во случајов мундијалската сцена.
Македонија ја совлада Естонија, со евентуална втора победа во недела практично ќе биде пласирана на ЕП и тоа ќе биде испловување кон мирни води за мундијалот.
Филип Кузмановски имаше добар меч, постигна пет од првите шест гола за нашиот тим, а средбата ја заврши со 7 гола од 10 обиди. Имаше доволно минути за да се разигра, имаше доволно минути да се одмори и за зачува сила за неделниот натпревар.
„Одиме чекор по чекор. Само победата ни е битна. Не разговараме и не размислуваме околу разликата, битно е само да победиме. Ни треба малку повеќе време да се средиме, да се санираат поведи за тоа што нѐ чека набрзо, а тоа е големо првенство и дуели со големи екипи.
Во првото полувреме добро фукнциониравме во нападот, проблемот беше со одбраната. Не им помогнавме на голманите, за и тие да ни помогнат и да ја направиме разлика за да можеме да го доиграме натпреварот без притисок.
Во вториот дел, покажавме карактер, одигравме како што треба да игра и да изгледа Македонија. Поборбено, со повеќе вложени сили, со помош од голманот. Сите сме млади, спремни да трчаме и оваа екипа на Македонија ветува многу, изјави Филип Кузмановски.
Поврзани вести