Македонија со тешка победа тргна кон ЕП 2026

Photo credit: Filip Viranovski

МАКЕДОНИЈА – ЕСТОНИЈА 37-33 (20-20)
Сала: „Борис Трајковски“ во Скопје. Судии: Миклош Андорка и Роберт Хукер од Унгарија. Делегат: Борис Вукашиновиќ од Србија
Македонија: Томовски, Кизиќ (6 одб), Велковски 2, Ѓоргиев 2, Митев 7, Кузмановски 7, Петковски 3, Карасманакис, Пешевски 1, Лазаревски, Џонов 3, Стојковиќ, Аларов, Петар Атанасијевиќ 1, Серафимов 10, Павле Атанасијевиќ 1
Седмерци: 8/12 Исклучувања: 4 мин. 

Македонија одигра ризичен натпревар во првото квалификациско коло за пласман на ЕП, на домашен терен со Естонија. Победивме, но овој меч е своевидна опомена пред гостувањето кај Литванија која на хартија е посилен тим од Естонија. 

Македонија брзо, по само три минути игр стигна до водство од три гола разлика (4-1), подоцна и 6-3 со пет постигнати голови на Филип Кузмановски од кои три беа успешно реализирани седмерци.
Естонците успеаја да воспостават резултатска рамнотежа блгодарение на левиот бек Карл Том кој од кого понуваше сѐ во нивната игра, а незадоволен од развојот на настаните, Мартин Нодла, селекторот на Естонија, побара тајм аут во 12 минута при резултат 9-6 за Македонија.

Македонија имаше контрола врз настаните на теренот, иако одбрана не успеваше да им олесни на напаѓачите. По 15 минута почна и ротација, но не се смени нешто особено во резултатскиот дел. Нападот функционираше и креираше позиции за гол, но истото го правеше и противникот.



Естонците успеаја да намалат и на еден гол разлика, а во 26 минута, напаѓаа и за израмнување при резултат 18-17. Се подразбуди и публиката која за момент ги крена нашите играчи. Дебитантот Петковски со третиот гол донесе водство од 19-17, но Карл Том и натаму држеше рамнотежа со голот број осум одново врати на минус еден.




Кирил Лазаров побара тајм аут кога Естонија израмни на 19-19, ова не беше играта што ја имаше замислено, но до крајот на полувремето немаше време нешто да се промени и да се смени ритамот. По 30 минути игра во која немаше вистински фаул во одбрана или пак голманска интервенција од наша страна, резултатот беше 20-20.

Естонците поведоа во првиот напад во вториот дел, но Македонија не беше долго во подредена позиција, веќе во следната минута одново беше во водство (22-21). Но и тоа не траеше долго, па Естонија почна да диктира резултат.
Конечно во 38 минута ја запишавме првата голманска интервенција и тоа на Марко Кизиќ кој спасуваше шут на празна мрежа со кој Естонија можеше да поведе и со два гола.
Но, на ова се надоврзаа четири голмански интервенции на Прискус, голманот на Естонија и во 40 минута беше 24-26.
Добро во лошото беше што Кизиќ стигна до својата трета интервенција давајќи шанса да се вратиме во игра, а Лазаров одново бараше тајм аут.

Македонија преку Серафимов и Џонов се врати во ритам, а и публиката го препозна моментот, па даде стимул во играта. Кизиќ продолжи во ритам, запиша четврта одбрана, Џонов го постигна вториот по ред гол, транзицијата се забрза и Македонија се врати во водство (28-27), па селекторот Нодла побара тајм аут.

Серафимов играше симултанка, што од седмерец што од игра и Македонија и со голот број девет ја врати Македонија на колку толку безбедни 31-28. Македонија преку пенал и седми гол на Кузмановски поведе и со 32-28. Потоа ритамот беше во наша полза, поведовме преку Ѓоргиев и со 34-29, а во 57 минута беше 35-31. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk