Селекторот на женската сениорска репрезентација, Кристијан Грчевски, го одбра тимот од кој ќе состави ростер што ќе патува во Унгарија на претстојното Европско сениорско првенство.
Репрезентацијата на Македонија е во група со домашната Унгарија, репрезентацијата на Шведска и националниот тим на Турција.
Две од овие четири репрезентации ќе продолжат во Главната рунда, третопласираната, пак има шанса да биде во првиот шешир за следната ждрепка за бараж за пласман на Светското првенство што ќе се игра во декември 2025.
Селекторот Грчевски на конечниот список има 21 ракометарка со која ќе ги почне финалните подготовки и од нив ќе биде селектиран првиот ростер во кој ќе бидат 16 играчи.