Македонската репрезентација денеска од 20:00 часот ќе ги почне квалификациите за ЕП 2026 година. Прв противник на Македонија ќе биде репрезентацијата на Естонија, а веќе на 10 ноември ќе го одигра и првиот натпревар на гостински терен со селекцијата на Литванија.
Во групата е уште и Словенија со која ќе играме два дуела во март.
Селекторот Кирил Лазаров се реши за 16 ракометари од вкупно 20 што ги повика за овие два натпревари. Младиот голман Иван Галевски ќе почека за своето деби на официјален натпревар, Лазаров за овој меч се определи за Томовски и Кизиќ, но дебитанти во екипата ќе има, а тоа се десното крило Александар Петковски кој ќе биде единствениот на таа позиција, затоа што списокот во овој дел со скроија „повредите“ на дел од играчите и пикерот Валентин Карасманакис, на местото на Никола Маркоски кој ќе одмори на овие два меча.
Кирил Лазаров се реши со следниот тим да ги напаѓа првите бодови во Квалификациите за ЕП 2026.