ТОП ВЕСТИ: Отказ за родениот брат, Словенија тактизира, Хрватска се екипира...

Поранешниот клуб на Жарко Пешевски, германската екипа Штутгарт, по слабиот старт во сезоната реши да го смени тренерот. Одлука што е интересна од поинаков агол. Јирген Швaјкарт е менаџерот на клубот и меѓу главните кога се носат одлуките, а сменетиот тренер е Михаел Швајхарт, неговиот помлад брат.

Словенија за дуелите со Литванија и Естонија ќе настапи без Дејан Бомбач, Јуре Доленец, Матеј Габер и Борут Мачковшек, Алекс Кавчич и Митја Јанц. Поради непланираното отсуство на Јанц и Кавчич, дополнително од списокот на резерви се повикани Миха Зарабец и Грегор Оцвирк. Македонија и Словенија во квалификациите за ЕП 2026 двапати ќе играат во март.

Нов капитен има машката сениорска репрезентација на Данска. Откако легендарниот голман Никлас Ландин се повлече од настапите за репрезентацијата, оваа улога му е доделена на пикерот Магнус Саугструп.

Дагур Сигурдсон, селекторот на Хрватска го повика во својот стручен тим полскиот тренер на голмани Антон Парецки. Тој работеше заедно со Сигурдсон во Јапонија, а на Олимписките игри во Париз беше ангажиран од репрезентацијата на Шпанија.

И во најновиот список на репрезентацијата на Хрватска, исто како и на ОИ во Париз во составот го нема некогашниот ракометар на Вардар, а сега на Келце, Игор Карачиќ.




 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk