Карабатиќ ја предаде капитенската лента

Репрезентацијата на Франција е една од репрезентациите со кои Македонија би требало да се сретне во Главната фаза на Светското првенство што ќе се игра во јануари во Вараждин. Тие ги почнаа подготовките за квалификациите што се играат неделава, а стартот им беше означен со симболично повлекување на Лука Карабатиќ од позицијата капитен на репрезентацијата.

Капитенската лента одамна во ИХФ нема официјално значење, таа е за внатрешна употреба на клубовите и репрезентациите и главно ја носи селектиран играч кој има авторитет и служи како алка што ги спојува ракометарите и стручниот и логистичкиот тим за низа тековни активности, одговорности и привилегии.

Некаде се назначува, некаде ракометарите бираат капитен, каков што е случајов во Франција. Репрезентативците таа улога му ја доверија на пикерот Лудовик Фабрегас и тој отсега ќе има повеќе задолженија, но и скапоцената привилегија, ако Франција стана светски шампион прв да го подигне шампионскиот пехар.
Што се однесува до Лука Карабатиќ, ова е чекор напред кон репрезентативна пензија. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk