Кил пред одлука: Пекелер или Винцек?

photo: THW Kiel

Веројатно најпознатиот и најпопуларниот ракометен колектив во светот заедно со Барса е германскиот тим Кил. Сместени на северот на Германија со главен ривал во Флензбург, оддалечен помалку од 100 километри и константен увоз на ракометари од Шведска, за разлика од ривалите кои се данска „колонија“, Кил е синоним за германскиот ракомет и една од локомотивите на светскиот ракомет. Низ годините играчи како Висландер, Олсон, Ловгрен, Ким Андерсон, потоа Лацковиќ, Ландин, Перуничиќ итн.

Минативе години заштитен знак на „зебрите“ стана дуото Хенрик Пекелер (34) и Патрик Винцек (36). Двајцата горостаси со агресивни дефанзивни карактериски на линија даваа посебна слика за тимот. Нив им се приклучи и швешанецот Петер Оверби како „помирољубива“ напаѓачка опција, а следното лето од Монпеље доаѓа Верон Начиновиќ.
Годините си го правар своето, клубот е во процес на промена на генерацијата, заминаа Сагосен, Ладнин, Вајнхолд, Екберг, а дојдоа Скипаготу, Мадсен, Јохансен, Бенце, но процесот не е комплетиран, а резултатите одат надолу и покрај враќањето на голманот Андреас Волф.

Сега се наоѓаат пред нова тешка одлука, пишуваат германските медиуми. Договорите на Винцек и Пекелер истекуваат во јуни. Кил има опредлеба да има три пикери во екипата, а со оглед на тоа дека доаѓа Начиновиќ, Оверби има уште една година договор, настрана шпекулациите за доаѓање на Јустус Фишер, ќе треба да се одлучи дали од од тимот ќе замине Пекелер (во Кил е од 2018) или Винцек (во Кил е од 2012).

Винцек барем засега исклучува можност да игра за друг тим, па заминување веројатно ќе значи и пензија, а две години помладиот Пекелер покажува дека сака уште да игра.
Наводно, месецов ќе биде донесена одлуката за тоа дали некој од нив ќе замине или ќе се смени политиката, па Кил ќе има четири пикери во иднина.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk