Галевски чека деби во репрезентацијата

Photo credit: Slavko Kolar/RZS

Капитенот Никола Митревски ќе одмори на следниве два натпревари на репрезентацијата, а во „оган“ прв пат на официјален натпревар на репрезентацијата ќе биде Иван Галевски. 
Јуниорскиот репрезентативец на Македонија добрите партии на ЕХФ Еуро и сезонава на голот на Алкалоид ги крунисува со повик за сениорската репрезентација. 
Естонија и Литванија се противници по мерка за старт на репрезентативната кариера. 

„Ова е мој прв повик за официјални натпревари во репрезентацијата. За мене е огромна чест и огромна одговорност. Играме два меча со Естонија и Литванија, противници кои заслужуваат голем респект, но ние ќе дадеме максимум од себе и одиме на победа.
Тука сум за да го оправдам повикот од селекторот и ќе се обидам да одговорам максимално на задачите. Ако ми се укаже шанса за настап, ќе бидам комплетно фокусиран и ќе го пружам најдоброто од себе за победа на нашиот тим“, изјави Галевски на денешниот прв собир. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk