Алборг во друштво со Пелистер и Загреб

photo: Aalborg Håndbold 

Не поминаа ниту два месеца во новата сезона, а три екипи од Лигата на шампионите веќе ги сменија тренерите незадоволни од перформансот на екипата.
Пелистер повлече нога со разделбата со Бранко Ангеловски, а недолго потоа Загреб без размислување ги прифати оставките на Андрија Николиќ и Иван Чупиќ. 

Дуото стана трио, откако и данскиот Алборг реши да му врачи отказ на Маик Махула, човекот што требаше да ги однесе еден чекор погоре, односно на тронот во Келн. 
Махула дојде со блескаво ЦВ пишувано во бундеслигашкиот клуб Флензбург, на местото на Стефан Мадсен кој со успех си ја води екипата на Ал Ахли од Египет. 
Во своја одбрана Махула може да каже дека веќе ги нема Микел Хансен, а и Никлас Ландин долго паузираше, има повредени играчи и ова не е тимот што тој посакуваше да го конструира, но што и да каже, веќе е предоцна. 
Досегашниот асистент Симон Дал со помош на ветеранот Хенрик Мелгард во прв момент ќе го водат тимот. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk