Репрезентацијата денеска е на собир

Машката сениорска репрезентација денеска прв пат се собира и ги почнува подготовките за квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство штп во 2026 година ќе се одржи во Шведска, Данска и Норвешка.
Македонија во првата рунда од вкупно три рунди на квалификациите ќе одигра два натпревара. Дома со Естонија и на гости кај Литванија. 

Собирот на македонските репрезентативци е закажан за 14 часот, а селекторот Кирил Лазаров очекува да се појават 20 ракометари. Има само една најавена измена, Томислав Јагуриновски поради проблеми со грбот што го мачат веќе извесен период наназад нема да може да игра на оввие два натпревари, па на неговото место е повикан друг леворак бек, а тоа е Давид Савревски. 

Натпреварот со Естонија е ќе се игра во салата „Борис Трајковски“ во среда (6.11.2024) со почеток од 20:00 часот. Влезните билети по цена од 200 и 300 денари се веќе пуштени во продажба преку мрежата на МК Тикетс (онлајн и во продажните места). 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk