Суспензии за Талант, Сабате, Морито и Шушња

Полското супердерби, дуелот меѓу Висла Плоцк и Келце имаше трето полувреме во кое своја правда делеа тренерите Хавиер Сабате и Талант Душебаев и се пцуеја, навредуваа, плукаа...
Инцидентот стана „хит“ низ ракометните медиуми и социјалните мрежи, а сега стигнаа и воспитните мерки од полската федерација.
Хорхе Македа, поранешниот ракометар на Вардар прв беше санкциониран затоа што гризна противнички играч, тој доби казна суспензија од шест натпревари.
Двата главни лига во инцидентот, шпанските тренери Талант Душебаев и Хавиер Сабате се суспендирани шест натпревари во полската Суперлига.
Аркадиус Морито, крилото на Келце кој беше инволвиран уште од почетокот во метежот на теренот е суспендиран на следните четири натпревари од првенството.
Леон Шушња, пикерот на Висла кој заедно со Морито стартуваа кавга, е санкциониран со два натпревари.
Двата клуба ќе платат парична казна во износ од околу 7.000 евра.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk