-
02.11.2024
-
Вести, Планета ракомет
Гласно се „зборува“ дека Загреб веќе има спремно замена за тренерот Андрија Николиќ кој по поразот во ЛШ од Магдебург на гости (24-36) заедно со асистентот Иван Чупиќ поднесе оставка која беше прифатена. Велимир Петковиќ, тренер со долгогодишно искуство во Бундеслигата (Гепинген, Берлин), а последно селектор на Русија би требало да го наследи Николиќ доколку шпекулациите се покажат точни.
Екипата на Веспрем покрај понудите за Емил Нилсен, Дика Мем и уште неколку играчи на Барса, наводно е заинтересирана и за услугите на португалската ѕвезда Мартим Кошта, ракометар на Спортинг.
Луминица Дину, една од ракометарките која има голема заслуга за првиот трофеј од Лигата на шампионите во македонскиот ракомет, шампионскиот пехар освоен од Кометал Ѓ. Петров, има нов ангажман. Таа ќе биде тренер на голманите на екипата на Рмнику Влчеа.
Ракомениот сојуз на Србија ги одложи сите денешни натпревари затоа што во државата е прогласен ден на жалост, поради трагедијата што се случи на железничката станица во Нови Сад во која по падот на надстрешницата животот го загубија 14 лица меѓу кои и еден државјанин на Македонија.
Жали и ракометна Данска. Ненадејно почина претседателот на федерацијата Мортен Стиг Кристенсен. Тој почина на 65 годишна возраст од срцев удар.
Плејмејкерот на германската репрезентација, Лукас Вицке, следното лето би можел да се пресели од Лајпциг во Флензбург пишуваат германските медиуми.
Поврзани вести