Клупската сезона оди под дебела сенка следниве десетина дена, а почнува мундијалското „загревање“ преку квалификациите за пласман на ЕП 2026.
Познатиот систем со 8х4 групи од кои првите две екипи, вкупно 16, обезбедуваат директен пласман на ЕП заедно со трите домаќини и актуелниот европски шампион.
Последните четири места ќе бидат доделени на (најдобрите) четири од осумте третопласирани екипи во групите во квалификациите. Во предвид ќе се земаат само нивните резултати само прво и второпласираните екипи во групите.
Квалификациите се играат во три циклуса. Ноемврискиот со прво и второ коло, потоа во март се играат третото и четвртото и во мај – петтото и шестото. Бергеровиот систем, пак, налага двете според ранкинг најдобри екипи да се сретнат на двомеч во март, а во првиот и третиот циклус играат вкрстено првите две според рејтинг подобри, со двете послаби.
Македонија е втора по ранг и е во група со Словенија со која ќе играме во март два натпревари, а сега ќе играме со Естонија на домашен и со Литванија на гостински терен. Две победи, според досегашната пракса, значат речиси сигурен пласман на ЕП.
Селекторот Кирил Лазаров одбра тим за дуелите со Естонија и Литванија и првиот собир ќе го имаат утре. Составот е малку изменет, поискусни играчи добија слободни денови да се одморат од напорната сезона, а ова е во пракса и единствената можност да се даде шанса на помлади играчи и тие да се испробаат и да го почувствуваат жарот на сениорскиот тим, без преголем ризик за остварување на крајната цел – пласман на ЕП 2026.
Кога ќе дојде на ред мундијалот, а тој е веќе зад аголот, тогаш и целата приказна ќе биде поинаква.
Комплетниот список на квалификациските натпревари што ќе бидат актуелни следнава недела изгледа вака:
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП
1. КОЛО (6/7.11.2024)
ГРУПА „1“: Македонија - Естонија, Словенија - Литванија
ГРУПА „2“: Ц. Гора - Финска, Унгарија - Словачка
ГРУПА „3“: Грција - Грузија, Исланд - БиХ
ГРУПА „4“: Шпанија - Летонија, Србија - Италија
ГРУПА „5“: Хрватска - Луксембург, Чешка - Белгија
ГРУПА „6“: Холандија - Косово, Ф. Острови - Украина
ГРУПА „7“: Германија - Турција, Австрија - Швајцарија
ГРУПА „8“: Португалија - Израел, Полска - Романија
Поврзани вести