Алкалоид стигна до десет од десет

РК АЛКАЛОИД - МРК КУМАНОВО 40-25 (23-11)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Силвана Карбеска и Марија Илиева. Делегат: Зоран Кимовски
РК Алкалоид: Галевски, Трајкоски, Џонов, Младеновиќ 5, Серафимов, Карасманакис 2, Стојковиќ 2, Митев, Симоноски 5, Бинго 3, Франциско 8, Петковски 9, Савревски 6
Седмерци: 2/3 Исклучувања: 8 мин. 
МРК Куманово: Димитријевки, Димевски 4, Винисиус 6, Димитров 3, Вујичевски, Цветковски, Јакимовски 1, Стојановски, Цековски 1, Крстаноски, Гамзардија 1, Симоноски 8, Михајловски
Седмерци: 1/1 Исклучувања: 4 мин. 

Алкалоид ја запиша десеттата првенствена победа по ред во Суперлигата вечерва на дуел со екипата на Куманово и го одбрани првото место по 10 кола во нашата најсилна конкуренција. 

Кирил Лазаров одмораше неколку ракометари и со малку изменет тим го одигра овој меч. Немаше потреба да се плаши за резултатот, Петковски, Франциско, Савревски си ја одработеа работата како што се очекуваше и неизвесности немаше. 
Алкалоид водеше 4-1, 11-3, потоа беше 14-6, 17-7 а на полувреме 23-11. 
Во второто полувреме беше резултатски поизрамнето, но разликата не падна под 10 гола, а Алкалоид запиша победа од 15 гола разлика. 

Денеска се играше и меч меѓу Тиквеш и Струга, а победа запишаа кавадарчани од 38-30.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk