Менаџерска улога за Ања Алтхаус

Поранешната германска репрезентативка Ања Алтхаус е назначена за тим менаџер на женската сениорска репрезентација на Германија. Поранешната ракометарка на ЖРК Вардар, по завршувањето на кариерата одлучи да остане во Македонија и тука да си ја бара среќата. Беше клупски активна, а последната обврска во соработка со РФМ, беше медија менаџер на машката сениорска репрезентација на Македонија.

Сега ќе има слична функција со повеќе одговорности и ингеренции во женскиот сениорски состав на Германија.
“Ања Алтхаус го живее она што е потребно за да се игра ракомет на врвно ниво. Овој модел во комбинација со нејзиниот организациски талент ќе ни даде поттик. Со нетрпение очекувам да работам со неа“, изјави селекторот на женската репрезентација на Германија, Маркус Гаугиш.




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk