Висла го задржа „позјамениот“ Унгарец

Полскиот шампион Висла Плоцк го откупи договорот на унгарскиот репрезентативец Герго Фазекаш од Веспрем и потпиша со него договор до 2029 година.
Фазекаш настапува за екипата на Висла, но како позајмен ракометар од унгарскиот клуб. Од следната сезона, тој веќе нема да има статус „позајмен“, туку ќе биде под формален договор со полскиот клуб.

Герго Фазекаш ќе го гледаме двапати во дуел со македонските играчи во следниот период. Прво на гостувањето на Висла во Битола во рамките на ЛШ, а потоа во јануари во дресот на Унгарија во првото мундијалско коло против Македонија во Вараждин.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk