Алкалоид и Вест Виена двапати во Автокоманда!

Вратите од 1/8 финалето на ЕХФ Европскиот Куп денеска се подотворија пошироко  за македонскиот претставник Алкалоид.
Единствениот македонски претставник кој остана во конкуренција во ЕХФ Европскиот Куп, екипата на Алкалоид и неговиот австриски противник, екипата на Вест Виена се договорија организацијата на двата натпревари од третото коло да ја преземе македонскиот клуб, а ЕХФ денеска го верификуваше терминиот за одигрување на натпреварите. 

Алкалоид и Вест Виена двата меча ќе ги играат во скопската сала „Автокоманда“. Средбите се закажани за 29 ноември, меч на кој Алкалоид формално ќе биде домаќин и ден подоцна, на 30 ноември, меч на кој домаќин ќе биде Вест Виена.
Двата натпревари ќе се играат со почеток од 19:00 часот.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk