Киксот на клупата на Нант остана неказнет

Photo: FC Barcelona

Со вкупно 19 одбрани на голманите каталонскиот гигант остана непоразен на гости во Франција во седмото коло од Лигата на шампионите.
Згора на тоа, огромен пропуст на клупата на Нант им сервираше на Шпанците победа на тацна и само благодарение на голманот Иван Пешиќ, Нант од напад за победа бранеше зицер за да се спаси од пораз.
Барса носена од голманот Емил Нилсен кој имаше 18 одбрани го диктираше резултатот во Нант речиси цел натпревар, но Французите покажаа истрајност, фокусираност и успеаја во финишот на натпреварот да го свртат резултатот во своја корист.
Нант поведе во 59 минута преку Жилиен Бос (31-30), но Барса успеа да израмни во последниот напад преку Блаж Јанц. По ова, тренерот на Нант, Грегори Кожан, побара тајм аут на седум секунди до крајот. Потоа се „прослави“ клупата на Нант која на терен испрати цела постава, иако имаа исклучен играч.

Топката и беше доделена на Барса, Аитор Арињо се најде сам пред голманот Иван Пешиќ, но Хрватот го одбрани зицерот што можеше да ја остави Барса на 100% победи, па бодовите беа поделени.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk