-
31.10.2024
-
Вести, Планета ракомет
Вториот противник на Македонија во квалификациите за ЕП 2026, репрезентацијата на Литванија го објави списокот на ракометари со кои ќе им се спротивстави на Словенија на гости на 6 ноември и на Македонија на домашен терен во Виљнус на 10 ноември.
Гинтарас Савукинас, селекторот на литванската репрезентација нема да може да смета на оваа акција на Јонас Тручановичиус. Нивниот најпознат играч е повреден, а повредени се и двајцата пикери кои се прв избор, па мораа да „комбинираат“ на линијата. Нема да игра ниту Ромас Аукштикалнис, кој има мала минутажа во Германија и го губи местото во тимот.
Лидер на оваа репрезентација ќе биде ветеранот Ајденас Малашинскас (38), а познато име, Гердас Бабарскас ќе му биде потпората, особено во одбрана.
Во составот на Литванија ќе видиме и четири играчи од Клаипеда Драгунас, екипа со која минатата недела играше Алкалоид.
Литванија има сериозен тим во кој играат десет интернационалци од разни првенства и тоа мора да се почитува, особено кога играат на домашен терен. Но, токму тој натпревар за Македонија практично значи билет за ЕП, па веруваме дека ќе бидат фокусирани и мотивирани уште во ноември да обезбедат пласман на ЕП 2026.
ГОЛМАНИ: Giedrius Morkūnas („Šviesa“), Lukas Gurskis („Hard Alpla“, Austria), Vilius Rašimas („Haukar“, Island).
ЛЕВИ КРИЛА: Mantas Urvikis („Šviesa“), Paulius Čėsna („Dragūnas“).
ЛЕВИ БЕКОВИ: Gerdas Babarskas („Bergisher“, Germany), Karolis Antanavičius („Hard Alpla“, Austria), Matas Aukštikalnis (Vilniaus „Amber“).
ЦЕНТРАЛНИ БЕКОВИ: Aidenas Malašinskas („Buzau“, Romania), Benas Petreikis („TuS N-Lubbecke“, Germany), Tomas Drakšas („Dragūnas“).
ПИКЕРИ: Andrius Montvilas („Varsa-Stronglasas“).
ДЕСНИ БЕКОВИ: Mindaugas Dumčius („Elbflorenz Dresden“, Germany), Matas Kairys („Dragūnas“).
ДЕСНИ КРИЛА: Mykolas Lapiniauskas („Dragūnas“), Karolis Grigas („Varsa-Stronglasas“).
УНИВЕРЗАЛНИ: Žanas Gabrielius Virbauskas („Bacau“, Romania), Ernestas Stvolas („Amber“).
Поврзани вести