Николиќ и Чупиќ поднесоа оставки во Загреб

photo: rk zagreb

Единствениот досега првак на Хрватска, екипата на Загреб продолжува во својот познат стил, проблемите со неисполнетите резултатски и играчки очекувања да ги решава со смена на тренерот. 
По вчерашниот пораз од Мегадебург, оставка поднесе тренерот Андрија Николиќ и таа веднаш беше прифатена. Заедно со Николиќ од позицијата помошник тренер заминува и Иван Чупиќ. 

Загреб во Лигата на шампионите има една победа и шест порази. Тоа не е никакво изненадување со оглед на буџетите и играчкиот ростер и конкуренцијата во која се Сегед, Алборг, Барса, Нант, Келце, Магдебург и Колстад. Но, веројатно во Загреб поинаку гледаат на ова и ќе бараат поинакво решение за нив со смена на тренерот. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk