Алкалоид останува на максимум, гостински бодови и за Охрид

РК ПРОЛЕТ 62 - РК АЛКАЛОИД 26-39 (15-20)

Сала: Македонско сонце во Скопје. Судии: Виктор Андонов и Стојанче Јовановски. Делегат: Ацо Николовски
РК ПРОЛЕТ 62: Трајков, Тотиќ 1, Глигоров 1, Димковски, Додевски, Даскаловски, Шилегов 1, Андоновски 5, Бакар 4, Мајнов 2, Стојановски 7, Стојчевиќ, Младеновски, Јачев, Палевски 4, Спасовски 1
Седмерци: 2/3 Исклучувања: 10 мин.
РК АЛКАЛОИД: Кизиќ 1, Трајкоски, Џонов 4, Маркоски, Младеновиќ 1, серафимов 6, Карасманакис 2, Стојковиќ 1, Митев 5, Валковски 1, Симоноски 4, Бинго 5, Франциско 3, Петковски 3, Савревски 3
Седмерци: 1/3 Исклучувања: 4 мин.

Алкалоид продолжува осамен на врвот на табелата откако и во деветтото коло запиша победа. Лидерот на табелата беше гостин на Тинекс Пролет кој се прикаже во борбено издание, но не можеше да го следи и издржи ритамот на екипата на Алкалоид.
Гостите го контролираа резултатот по десеттата минута и поведоа д со 9-5, потоа и 15-8, а на полувреме беше 25-20.
Домашниот состав активно се бранеше и во првата половина во вториот дел (20-26), а потоа до поголем израз дојде начинот на кој играше гостинскиот тим, ритамот и транзицијата што нив им одговараа и во финишот беше мината границата од 10 гола (25-35), за потоа предноста да се искачи и на конечните 13 гола разлика.

Денеска се играше и натпреварот меѓу Охрид и Куманово. Кумановци беа домаќини, го имаа расположениот Винисиус (14) гола, но бодовите заминаа за Охрид. 
Гал Цирар стрелаше прецизно 11 пати во победата од 39-33 на охриѓани кои и натаму се во водечкото трио на табелата. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk