Ракометниот портал G-sport веќе два дена неформално го најавуваше новиот тренер на РК Вардар, а денеска официјална информација за тоа кој ќе биде на кормилото на црвено-црниот тим, стигна од канцеларијата на клубот.
Гиљермо Милано (51), актуелниот селектор на репрезентацијата на Аргентина не новиот тренер на црено-црните. Тој има обврски кон ракометната федерација на Аргентина до 2 ноември, а потоа, за новиот олимписки циклус ќе биде заменет.
Гиљермо Милано десет години беше селектор на У20 репрезентацијата на Аргентина, а во последните четири години беше и асистент на Маноло Каденас на кормилото на сениорскиот тим. Во 2021 кога Каденас замина од Аргентина, федерацијата улогата на селектор му ја довери на Милано и тој го заврши олимпискиот циклус.
Милано e изборот на Вардар. Несомнено се работи за квалитетен тренер, кому ова ќе биде првото европско клупско искуство, па следствено неговиот елан и желба да работи ќе се покажат на дело.