Естонија ги отвори картите, без најпознатиот играч во Скопје

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Естонија, Мартин Нодла, го објави списокот на репрезентативци со кои Естонија ќе допатува во Скопје на дуел со Македонија на 6 ноември.

Тоа ќе биде прво коло од квалификациите за Европското првенство 2026, а во групата со Македонија и Естонија се уште и репрезентациите на Словенија и Литванија. Две екипи од оваа група одат на ЕП. Третата ќе се пребројува со бодови и гол разлика со третопласираните од другите седум квалификациски групи и ако е во подобрите четири и таа ќе се пласира на ЕП.
Во составот на Естонија го нема нивниот најпознат играч, Мат Патраил. Ветеранот е во потрага по клуб и ќе ги пропушти првите два меча во кои Естонија покрај дуелот во Скопје, ќе игра и со Словенија на домашен терен.

Во тимот, пак, се најдоа други две познати имиња, а тоа се Данер Јаанима, своевремено играч на Кил и Карл Том со кого заедно играат во шампионатот на Кувајт.

СОСТАВ ЕСТОНИЈА: 
Rasmus Ots, Hendrik Koks (Viljandi HC), Mihkel Lоpp, Armis Priskus (EHV AUE), Karl Kоverik (HC Kehra), Mathias Rebane, Jurgen Rooba, Hendrik Varul, Alfred Timmo (Pоlva Serviti) Ott Varik (Akureyr, Island), Andris Celminš (Mistra), Karl Toom, Dener Jaanimaa (Sulaibikhat SC, Kuwait), David Mamporia (HC Empor Rostock), Markus Viitkar (HIF Karlskona), Artur Morgenson (Siuntio IF), Karl Roosna

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk