Селекторот на женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија, Кристијан Грчевски, го состави списокот од 35 ракометарки од кој ќе го селектира тимот што ќе настапи на Европското првенство во Унгарија, Австрија и Швајцарија во следниот месец.
Македонија е во група што ќе се игра во Деберецен, а противници во Прелиминарната рунда ќе ни бидат репрезентациите на домаќинот Унгарија, Шведска и селекцијата на Турција.
Две од овие четири репрезентации ќе продолжат во Главната рунда од шампионатот.
Кристијан Грлевски се реши за следниве 35 играчи.