Ненад Костески се врати на тренинг

Убава вест имаа битолчани да споделат со јавноста денеска. Репрезентативното крило Ненад Костески почна да тренира со екипата по неколкумесечна пауза поради повреда на лигаментите.
Костески се повреди во март, се оперираше на крајот на месецот и оттогаш е во процес на рехабилитација.

Ги пропушти поголемиот дел од важните натпревари на клупската сцена на стартот на годинешнава сезона, но доколку во следниот период сѐ биде како што треба и коленото ги издржува максималните напори, тогаш би требало да биде подготвен за настап на Светското првенство што во јануари ќе се одржува во Хрватска, Данска и Норвешка.

Неговиот постар брат, Никола Костески со кого ја дели минутажата во репрезентацијата на позицијата десно крило, имаше убав кам бек во Македонија и одлични настапи за Алкалоид сезонава, но за жал и тој се повреди минатата недела на натпреварот со Пелистер во Скопје и деновиве треба да има точна дијагноза и претпоставено време на пауза. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk